сабота, декември 11, 2010

Касиљас утре по 400 пат во дресот на Реал Мадрид

Posted on 12/11/2010 by Raisinloaf


Ла Ромареда е посебно место за Раул Гонзалес , кој дебитираше на тој стадион во дресот на Реал , додека за Касиљас ке биде местото каде го игра 400 меч за Реал Мадрид во Шпансото Првенство.Касиљас е роден 20 мај 1981 година а веке како 9 годишен ја започна својата кариера во Реал Мадрид во младите категории каде играше се до 1998 година.Во 1999 година е префрлен во Кастиља каде одигрува само 4 натпревари по што е префрлен во првиот тим поради неколку несреќни околности за Реал но среќни за него покажаа дека тоа била една од најпаметните одлуки на Реал давајки му шанса на тогаш 18 годишниот Касиљас.Дебитира на 12 септември 1999 година на Сан Мамеш против Атлетик Билбао.Шанса добива поради повредениот Илгнер а иако прима два погодока , не по негова вина тој е запаметен по неколку мајсторски одбрани.2000 година станува најмладиот голман кој брани во финале на ЛШ (Реал Мадрид - Валенсија 3:0) а по тој меч голманот Цезар успева да му го зеде стартното место.Но се си доаѓа на место по повредата на Цезар во финалето на ЛШ 2002 година против Леверкузен , Касиљас влегува во игра , брани стопостотни шанси и така му носи на Реал титула во ЛШ и веке беше јасно дека долго нема да го загуби статусот прв голман на Реал што и до денес е така.Од тогаш за Реал има одиграно 515 натпревари , 399 во Шпанското Првенство.Само еден натпревар го дели од бројката од 400 натпревари а тоа им има успеано само на 8 играчи.Икер е инаку голман со најмногу натапи во историјата за Реал Мадрид , во ЛШ го држи рекордод за голман со дури 106 настапи.Му недостигаат само 10 натпревари да стане и голман со најмногу настапи за Шпанската репрезентација а со Реал има договор до 2017 година што значи дека ке поставува и ке соборува уште многу рекорди а се надеваме и ке освои уште многу титули.

No Response to "Касиљас утре по 400 пат во дресот на Реал Мадрид"

Leave A Reply