недела, декември 26, 2010

4 Години Мадриста - Гонзало Игуаин.

Posted on 12/26/2010 by Raisinloaf



Гонзало Игуаин  е во Реал Мадрид веке четири години а пред себе сигурно има долга и успешна кариера во кралскиот клуб.

Денеска навршуваат цели 4 години откако Гонзало Герард Игуаин "Пипита" стана играч на Реал Мадрид.Веке е еден од најдобрите напаѓачи како во Реал така и во Европа а има само 23 години.Денеска во разговор со новинарите на АС исјави дека е горд што успеал , поготово во Реал Мадрид каде планира и понатаму да ја гради својата кариера.Аргентинецот моментално е повреден и не се знае точно за колку време ке се врати на терените.

АС - Дебитиравте во Јануари 2007 година против Бетис во Кралскиот Куп......

Игуаин:Да се сеќавам на тој натпревар.Во тоа време го запознавав клубот , навивачите , соиграчите и веднаш со љубов го носев дресот на Реал Мадрид.

Два многу важни погодоци под водство на Капело


Гонзало Игуаин под водство на Капело успеа да постигне само два погодоци за Реал , но тие беа два најважни во таа сезона.Прво заби на Калдерон за еден бод против Атлетико Мадрид кој им беше многу важен бидејки со победа против Еспањол ја освојуваа титулата.Реал на тој натпревар губеше со 0:3 за да се направи целосен пресврт а победничкиот погодок го постигне Пипита кој му донесе титула на Реал.

Уште еден погодок кој донесе титула


Се играше сезоната 2007/2009 кога Игуаин му носи уште еден трофеј на Реал.Реал играше во Памплона против Осасуна која поведе со 1:0.Потоа Реал израмни на 1:1 по што Пипита со сјајен волеј му носи победа на Реал и со тоа математички означи дека титулата во Шпанија ја освојува Реал.Првата сезона под водство на Капело а втората под водство на Шустер.

Им даде гол на Барселона по само 50 секунди

Еден од најдобрите голови му е оној против Барселона кога Реал победи со 4:1.Пипита не започна од првата минута но кога влезе во игра по само 50 секунди има даде еврогол за 3:1 во тој момент.

Рекорд:4 Погодоци на еден натпревар


Вероватно најдобар натпревар му е во сезоната 2008/2009 кога на натпреварот против Малага ги постигна сите четири погодоци на тој натпревар за резултат 4:3 за Реал.Таа сезона беше најдобар клупски стрелец и асистент.

Сезона 2009/2010 , 35 погодоци во една сезона и повик во репрезентацијата

Минатата сезона за него беше најуспешната во кариерата.Во дресот на Реал постигна 29 погодоци и 6 погодоци во дресот на репрезентацијата во која е повика по фантастичните настапи во Реал.Во таа сезона дури на 6 натпревари постигнуваше по 2 погодока.

Го постигна 700 гол на Реал во Лигата на Шампионите

Пипита е голем играл.Некои му замеруваат на промашувањето против Лион но тоа во главно не се играчи на Реал.Пипита го постави новиот рекорд на Реал а тоа по постигнати погодоци во ЛШ.Реал во оваа натпреварување стана единствениот клуб со 700 погодоци а јубилејниот 700 гол го постигна Игуаин на натпреварот со Милан во 45 минута на асистенција на Ди Мариа.

No Response to "4 Години Мадриста - Гонзало Игуаин."

Leave A Reply