вторник, декември 28, 2010

2010 година , најдобра во кариерата на Роналдо!!!

Posted on 12/28/2010 by Raisinloaf


Кристијано Роналдо игра во најдобрата форма во својата кариера и во 2010 година постигна рекорден број на голови со што води мртва битка за најдобар стрелец на Европа со Лионел Меси.

Некои изјавуваат дела Роналдо по трансферот во Реал игра многу полошо отколку во Јунајтед , сепак бројките го покажуваат сосема спротивното.Сепак во Јунајтед , Роналдо играше премногу индивиуално и беше познат по себичноста но во Реал ситуацијата е друга , тој игра тимски и има многу асистенции.И пократ тоа тој пак постигнува многу погодоци.Во дресот на Реал оваа сезона постигна 45 погодоци во 48 натпревари и уште три за репрезентацијата.Тоа е вкупно 48 погодоци во 365 дена , што значи дека го надмина претходниот рекорд од 35 погодоци во една година кога го носеше дресот на Јунајтед 2008 година.Роналдо од тие 48 погодоци во 2010 година оваа сезона постигна 27 а 21 мината сезона.Она што е за пофалба и докажува дека во Реал , Роналдо се афирмираше во комплетен играч покажува и фактот дека во 2010 година има 24 асистенции а против Виљареал имаше дури три.

Роналдовиот учинок низ годините:

2002 - Спортинг - 6 погодоци
2003 - Спортинг/Јунајтед - 2 погодоци
2004 - Јунајтед - 15 погодоци
2005 - Јунајтед - 14 погодоци
2006 - Јунајтед - 25 погодоци
2007 - Јунајтед - 34 погодоци
2008 - Јунајтед - 35 погодоци
2009 - Јунајтед/Реал - 30 погодоци
2010 - Реал.М - 48 погодоци

No Response to "2010 година , најдобра во кариерата на Роналдо!!!"

Leave A Reply