сабота, октомври 09, 2010

Oфицијално:Новиот изглед на Сантијаго Бернабеу

Posted on 10/09/2010 by Raisinloaf


Сантијаго Бернабеу до крајот на август би требало да има нов покрив доколку се тече по планот.Флорентино Перез пред еден месец потпиша договор за изградба на екстра скап покрив на Бернабеу за што ке се потрошат 250 милиони евра.


Моментално се инсталира електриката која ке го придвижува кровот и нова климатизација.По ова следи ново греење за теренот која ке овозможува еднаква температура во било кое време од годината.Греењето ке биде вградено за време на зимската пауза.По ова ке биде ставена и подземна инсталација со која надворешното наводнување на теренот нема да биде потребно.По овие ситни зафати следи најтешкиот дел од проектот,односно правењето на кровот а тоа би се започнало кон крајот на јуни наредната година а ке трае само два месеци односно ке бидат изградени носачите на кровот и ке се чека поголема пауза за да биде довршен бидејки нема теоретски шанси се да биде завршено во летната пауза.Потоа ке бидат поставени стаклото,нерѓосувачки челик,титанум што покажува за каков скапоцен материја се употребува за најскапиот кров воопшто поставен на еден стадион.Титаниумот е потребен за да се зацврсти кровот и ке биде поставен само на критичните делови , односно на местото каде ке се спојува нерѓосувачкиот челик.На врвот на стадионот ке биде поставен непробојно стакло но само на средниот дел ,додека остатокот од кровот ке биде покриен со плочи за соларна енергија за да се заштеди на електрична енергија која е потребна за движење на кровот.

Макета:

Сантијаго Бернабеу со затворен кров:














Сантијаго Бернабеу со полуотворен кров:

Сантијаго Бернабеу со отворен кров:

Бернабеу станува "Плаза" помеѓу стадионите

Откако ке биде завршен проектот , Бернабеу ке стане најопремениот,највредниот,најскапиот и најпознатиот стадион во светот.На оваа вложување на Перез може да му завидат и сопствениците на хотелот "Плаза" во Њу Јорк со кој шпанските медиуми го споредуваа Реаловиот стадион кој пред две години е означен како еден од десете најмодерни на светот.Оваа вложување и тоа како ке му се исплати на Реал и Бернаеу кој годишно го посетуваат 700.000 посетители а се претпоставува дека со реновирањето таа бројка ке се зголеми на 300.000 плус, односно на еден милион посетители годишно не земајки ги во предвид и публиката која присуствува на натпреварите на Реал на Бернабеу

No Response to "Oфицијално:Новиот изглед на Сантијаго Бернабеу"

Leave A Reply