вторник, октомври 05, 2010

Хуан Карлос прва алтернатива на Мурињо

Posted on 10/05/2010 by Raisinloaf


Хуан Карлос на натпреварот против Депортиво доби шанса да дебитира во дресот на Реал Мадрид на што е многу горд.Откако во 78.минута влезе во игра на местото на Ди Мариа , младиот Хуан Карлос покажа дека може да биде квалитетна замена и дека може да смета Мурињо на него.Хуан Карлос е првиот играч од младинската школа на Реал кој оваа сезона доби шанса да игра за првиот тим иако во тимот од почетокот на сезоната тренира и Матеос но тој досега не добил шанса за настап.Хуан Карлос е полн со оптимизам и изјави дека ке се бори за место во првиот тим.

Хуан Карлос:Им реков на играчите во моја близина , Кристиано и Марсело дека не треба да се грижат и дека сум сигурен во себе.На мечот со Депортиво , Мурињо не можеше да види многу од моите квалитети но ми вети дека ке ми даде шанса и на наредниот меч за да можам да се докажувам во дресот на Реал Мадрид.Разликата помеѓу првиот тим и Кастиља е во интезитетот , тактичката работа е многу слична помеѓу двете категории.

No Response to "Хуан Карлос прва алтернатива на Мурињо"

Leave A Reply