понеделник, октомври 04, 2010

Реал Мадрид - Депортиво 6:1

Posted on 10/04/2010 by Raisinloaf



Реал Мадрид во рамките од 6.коло во Ла Лига на Сантијаго Бернабеу го совлада тимот на Депортиво со 6:1.

Реал Мадрид:

Касиљас; Рамос,Пепе,Карваљо,Марсело; Озил,Кедира,Алонсо,Ди Марија,Роналдо; Игуаин.

Депортиво:

Ману; Море,Зе Кастро,Лопо,Пабло; Перез,Томас,Саул,Родригез,Гвардадо ;Ласад



Реал Мадрди фантастично ја отвори утакмицата.Се играше 4.минута кога Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Ману.Озил изведува корнер а Роналдо беше највисок во скокот и со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата на Депортиво.После постигнатиот погодок , Реал  потполно доминираше на теренот.Во 13.Минута Ди Мариа шутираше од далечина но Ману беше на место.Сепак во 24 минута 2:0.Озил доби топка од Игуаин и после одличниот соло продор погодува за 2:0.Во 34.минута веке 3:0.Игуаин одлично ја испраќа топката од левата страна која Ди Мариа со глава ја испраќа во голот на Депортиво.3:0 гласеше резултатот на крајот од полувремето а Реал за разлика од минатите натпревари на овој ги искористи сите стопостотни шанси.







На почетокот на второто полувреме Мурињо ја прави првата измена.Кедира излегува и на негово место влегува Лас.Во 47.минута фантастична шанса за Депортиво.По грешката на Карваљо , Ласад испадна потполно сам пред касиљас кој со фантастична интервенција спречува погодок за Депортиво.Во 53.минута ,Реал зголемува на 4:0.По одличната акција Ди Мариа несебично подава до Игуаин кој без никакви проблеми ја погодува празната мрежа.За 5:0 се погрижува одбрамбениот играч на Депортиво ,Зе Кастро.Во 69.минута од игра испаѓа Озил а на негово место влегува Гранеро.Три минута покасно Роналдо се најде во одлична шанса за гол не ја искористува.Во 77.минута од игра излегува Ди Мариа а за првиот тим на Реал дебитира младиот Хуан Карлос.Едена минута подоцна Депортиво преку Родригез го постигнува почесниот погодок.Адриа добро центрираше а Родриго со глава го совладува Касиљас.Во 89.минута Кристијано Роналдо ги поставува конечните 6:1.Алонсо асистира на Португалецот , кој по одличниот соло пробив го матира Ману.Со оваа победа и киксот на Барселона против Мајорка (1-1) , Реал се пробива на третата позиција на табелата.

No Response to "Реал Мадрид - Депортиво 6:1"

Leave A Reply