четврток, октомври 21, 2010

Реал со перфектен старт сезонава:12 победи и 4 реми

Posted on 10/21/2010 by Raisinloaf


Играчите на Реал по доаѓањето на Мурињо на тренерската позиција го немаат осетено лошиот вкус на поразот , па моментално се единствени непоразени во Шпанската Лига.Така Реал стана најуспешна екипа оваа сезона вклучувајки ги сите натпревари од почетокот на претсезоната па до денес.Од тогаш Реал одигра 16 натпревари во кои впиша 12 победи и 4 нерешени.Во три одиграни напревари  во Лигата на Шампионите ,Реал оствари три победи па со Манчестер Јунајтед се единствени без примен погодок.Реал одигра и 7 натпревари во Ла Лига каде оствари пет победи и две нерешени.Во тие седум натпревари Реал прими само три погодоци а постигнале 16.Она што фасцинира е дека Реал во Лигата на шампионите се лидери по упатени топки кон противничката мрежа, додека Касиљас е голман со најмалку примени голови односно ниеден, но и голман со најмалку интервенции во Лигата на Шампионите и Ла Лига што говори за тоа каква е одбраната оваа сезона.

No Response to "Реал со перфектен старт сезонава:12 победи и 4 реми"

Leave A Reply