понеделник, септември 20, 2010

Мурињо : Еспањол доаѓа по победа

Posted on 9/20/2010 by Raisinloaf


Жозе Мурињо на прес конференцијата за медиумите говореше за утрешниот натпревар против Еспањол.Мурињо смета дека Еспањол е квалитетна екипа и дека доаѓат со цел да победат.

Мурињо: Еспањол е талентирана екипа и знаат да играт добар фудбал.Во Мадрид доаѓаат по победа.Не сме на чело на табелата но сме во врвот.Пред нас има малку тимови а позади нас многу.Мораме да продолжиме со победи за да одржиме стабилност во тимот.Во саботата најмногу ми се допаѓаше тоа што не ни требаше 35 удара за да постигнеме два погодока , како против Ајакс.Кристијано Роналдо постигна погодок иако му беше препишан на Пепе , сепак неговата вештина беше виновна за погодокот.Со таа вештина тој освои Ballon D`Or , Лига на Шампиони............... Секој ден работи напорно и на теренот многу помага на соиграчите а тоа го може само играч како него.Во тимот имаме многу талентирани играчи но најмногу се издига Серхио Каналес.Моментално е на правиот пат и напорно работи , момчето има се што е потребно за да се стане многу добар играч.Штета што се повреди и што ке биде отсутен некое време ,но ке се врати.

No Response to "Мурињо : Еспањол доаѓа по победа"

Leave A Reply