понеделник, септември 06, 2010

Навивачите разочарани со продажбата на младинците

Posted on 9/06/2010 by Raisinloaf



Откако во јавноста излезе веста дека Реал се договори со Спортинг Брага за Пабло Сарабиа да премине во Португалскиот првак , навивачите на Реал во јавна анкета го изразија своето незадоволство со таквата политика на раководството на Реал.Интернет страницата Defens Central постави анкета на кој навивачите го даваа своето мислење во врска со продажбата на младинците.Во анкетата 44% гласале за тоа дека продажбата на талентите е лош потег на Реал и тоа мора под итно да се промени, 33% мислат дека е тоа корисно за клубот со тоа што тие играчи ке стекнат искуство а потоа ке се врата во Реал, 16% мислат дека Сарабиа би успеал во првиот тим доколку му се даде шанса веднаш а 6% воопшто го немаат видено младиот Шпанец како игра.Ова лето клубот го напуштија младите Родриго Мората,Даниел Опаре , Маркос Алонсо и Адам Сзалаи.Сите овие играчи беа најавувани како иднината на Реал но Флорентино Перез очигледно нема време за губење со недокажани играчи , додека најголемиот ривал ,Барселона секоја година промовира по некој талент во првиот тим.

No Response to "Навивачите разочарани со продажбата на младинците"

Leave A Reply