сабота, септември 04, 2010

Одржан последниот тренинг за оваа недела

Posted on 9/04/2010 by Raisinloaf



Денеска е одржан последниот тренинг на Реал Мадрид за оваа недела.Тренерот Мурињо заедно со тренерот на Реал Мадрид Кастиља , Александро Менендез го водеа тренингот.Покрај 12 репрезентативци , денешниот тренинг го пропуштија голманот Дудек , кој беше во Ливерпул во чест на поранешниот соиграч Карагер , и Марсело кој се опоравува од повредата.


Првотимците , Педри Леон,Гранеро,Пепе,Матеос и Адан тренираа со играчите од Кастиља.Акцент беше ставен на играта со топка ,гоманите работеа посебни вежби издвоени од останатите.После тоа следеше практична игра четири-на-четири.Играчите се менуваа а главна цел на оваа вежба беше чување на поседот на топката и притисок на противничката одбрана.Следна вежба беше практична утакмива девет-на-осум , додека оние кои не учесвтуваа во оваа вежба , тренираа слободни удари.

No Response to "Одржан последниот тренинг за оваа недела"

Leave A Reply