недела, септември 05, 2010

Пердеза:"Имаме се што е потребно за големи резултати"

Posted on 9/05/2010 by Raisinloaf



Спортскиот директор на Реал Мадрид , Мигел Пердеза во интервју за Марка говореше за летните засилувања на клубот,Жозе Мурињо и очекувањата за Реал оваа сезона.

Пердеза:"Ова е Реал Мадрид и ние сме многу горди на тоа.Нашата игра сега е разновидна и со текот на времето ке се подобруваме.Имаме се што е потребно за да го оствариме успехот кој го сакаме.Сакавме да доведиме млади , талентирани играчи , кои гарантираат креативност , и сметавме дека Озил,Каналес и Педро Леон се најдобрите опции.Првите зборови на тренерот Мурињо кога одржа состанок со играчите од академијата беше дека редовно ке го прати нивниот напредок и дека ке им дава шанси во првиот тим.Тој е многу методичен,интелигентен тренер и вистински лидер.Мислам дека имаме сјајна екипа , предводена од квалитетен тренер.Реал Мадрид живее за победите.Победата е единствена работа која нас не интересира , едноставно клубот постои за да победува."

No Response to "Пердеза:"Имаме се што е потребно за големи резултати""

Leave A Reply