среда, септември 29, 2010

Ди Мариа пресреќен поради постигнатиот погодок

Posted on 9/29/2010 by Raisinloaf


Алхел Ди Мариа стрелецот на единствениот погодок на вчерашниот дуел со Оксер е пресреќен што Реал освоил 3 бода , благодарение на неговиот погодок.Со овој погодок тој зарабоди доста доверба кај тренерот и играчите имајки предвид дека во игра влезе во 80 минута и веднаш се почуствува неговото присуство на теренот.Исто така се надева дека ке постигнува уште многу погодоци и е благодарен на Реал Мадрид што му дале шанса да игра во Лигата на Шампионите , натпреварување кое е на ниво на Светското Првенство.

Ди Мариа:Секако дека сум среќен поради постигнатиот погодок.Натпреварот беше претежок , посебно што Оксер не грешеше многу.Не можев ни да сонувам дека еден ден ке постигнувам победоносни погодоци а уште повеке што тоа ке биде за Реал Мадрид.Ова за нас е многу важно натпреварување кое е на ниво на Светското Првенство.Пред нас се сега два натпревари против Милан но најпрво мора да се фокусираме на првенствениот натпревар против Депортиво.

No Response to "Ди Мариа пресреќен поради постигнатиот погодок"

Leave A Reply