недела, септември 19, 2010

Гранеро : Сезонава можеме да бидеме пред Барселона

Posted on 9/19/2010 by Raisinloaf


Естебан Гранеро на денешната прес конференција за новинарите говореше за синокешната утакмица со Сосиедад , а играчот на Реал верува дека оваа сезона можат да завршат пред Барселона.

Гранеро:Реал Сосиедад синоќа одигра фантастичен натпревар и покажаа дека се квалитетна екипа.Второто полувреме одигравме многу подобро.Тие постигнаа изедначувачки погодок кога тоа најмалку го заслужија.Сепак , ние знаевме да одговориме на тоа на најдобар можен начин и заслужено победивме.Добро стартувавме сезонава и мора да продолжиме така , со исклучок дека мораме да ја подобриме играта но тоа доаѓа со секој нареден натпревар.Веруваме дека оваа сезона можеме да завршиме пред Барселона.Што се однесува до засилувањата летово , мислам дека Озил и Кедира фантастично се адаптираа во новата средина и покрај јажичната бариера.Нивните настапи помогнаа на целата екипа и полесно ни е со нив.Не верувам дека Роналдо е нервозен , тој има голема одговорност.Оваа сезона игра подобро од минатата , товарот над него е олеснет и мислам дека оваа сезона за него ке биде многу поуспешна.

No Response to "Гранеро : Сезонава можеме да бидеме пред Барселона"

Leave A Reply