петок, септември 10, 2010

Aдебајор примарна мета во Јануари?

Posted on 9/10/2010 by Raisinloaf


Жозе Мурињо пред крајот на преодниот рок правеше напори од раководството да добие уште едно засилување.Тој сакаше во тимот да има уште еден напаѓач бидејки клубот не може да се ослони на Игуаин и Бензема цела сезона поради непредвидени повреди на некој од нив.Адебајор сакаше да замине од Сити поради малата минутажа но не успеа во своите намери.Сепак понуда од 12 милиони би можела да ги убеди челниците на Манчестер Сити иако пречка може да биде тоа што клубот моментално има дури тројца напаѓачи што сакаат да заминат вклучувајки го и Адебајор.Сепак доколку пропадне трансферот на Адебајор клубот ке испрати понуда до Баерн Минхен за Марио Гомез иако малку веројатно е дека од Минхенскиот клуб ке се согласат да го продадат напаѓачот.На списокот се уште Ола Таивонен и Ромелу Лукаку.Лукаку скоро цело лето беше трансфер цел на Реал но Андерлехт одбиваше да го продаде.Со оглед на тоа што белгискиот шампион не избори настап во Лигата на Шампионите можно е понуда од 20 милиони да ги премисли.

No Response to "Aдебајор примарна мета во Јануари?"

Leave A Reply