среда, септември 15, 2010

Најава : Реал Мадрид - Ајакс

Posted on 9/15/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид е домаќин на холандискиот гигант Ајакс , вечерва на Сантијаго Бернабеу во мечот од првото коло од Лигата на Шампионите.Жозе Мурињо ке сака неговиот тим да победи вечерва бидејки групата е многу тешка.Покрај Милан и Ајакс и Францускиот Оксер е доста незгоден тим.

Реал Мадрид ова сезона се очекува конечно да го помине 1/8 финалето за прв пат по сезоната 2003/2004.По победата викендов против Осасуна со доста неубедлива игра , Мурињо најавува дека вечерва Реал ке ја презентира својата моќ пред Европа.

Ајакс го поминаа Динамо Киев во квалификациите и 4 - ри кратните шампиони се враќаат во ЛШ по 5 години апстиненција.

Кај Реал заради повреда нема да настапат Гарај,Албиол,Диара,Рамос и Кака додека кај гостинскиот тим голем хендикеп ке биде неиграњето на нивната ѕвезда Луис Суарез поради жолти картони.Исто така и Вертоген е суспендиран.

Можни стартери за Реал:

Касиљас,Арбелоа,Пепе,Карваљо,Марсело,Алонсо,Кедира,Роналдо,Озил,Ди Мариа и Игуаин.

4-3-3 формација

Можни стартери за Ајакс:

Стекеленбург,Ван Дер Вил,Алдервеирелд,Ојер,Анита,Де Зеуф,Де Јонг,Енох,Сулејмани,Ел Хамдаоу,Емануелсон

No Response to "Најава : Реал Мадрид - Ајакс"

Leave A Reply