четврток, септември 16, 2010

Преглед : Реал Мадрид - Ајакс 2:0

Posted on 9/16/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид стигна до трите бода во дуелот од првото коло од Лигата на Шампионите против Ајакс.
Фаворитот Реал ги оправда сите очекувања на публиката.Иако и на оваа утакмица имаа проблеми со реализацијата , Реал го контролираше целиот натпревар , можеа да победат со поголема разлика но за жал Роналдо и Ди Мариа немаа среќа.

Натпреварот беше отворен со иницијатива на Реал , практично Ајакс не знаеше како да премине на половината на теренот.Шансите од минута во минута се редеа пред голот на Стекеленбург.Сепак и покрај големата иницијатива Реал дури во 30 минута успеа да поведе.Чаби Алонсо изведе корнер а гостинскиот играч Анита со глава не успеа да ја изнесе од шеснаесетникот на Ајакс и топката се одби од коленото на Игуаин кој не го очекуваше тоа.До крајот на полувремето Реал имаше неколку шанси преку Ди Мариа и Роналдо но погодок до крајот на полувремето немаше.

Во второто полувреме Реал продолжи со нападите и најдобрата шанса во 51 минута ја имаше Роналдо , кој сам стоеше пред Стекеленбург но голманот на големо изненадување на навивачите успеа да ја одбрани.До 73 минута Ди Мариа и Роналдо безуспешно се обидуваа да постигнат погодок за да во 73 минута Игуаин го реши натпреварот во корист на Реал.Најпрво Ди Мариа му додаде на Озил кој од косо силно биеше на голот но Стекеленбург ја одби топката која стигна до Озил кој го забележа слободниот Игуаин по што му додаде а Аргентинецот лесно ја смести топката во мрежата на Ајакс.До крајот Реал имаше уште неколку големи шанси но резултатот остана 2:0.

На натпреварот со Ајакс , Бернабеу не беше исполнет до последното место , односно имаше околку 70.000 гледачи.Реал за 90 минути испрати 39 шута кон голот на Стекеленбург , а за играч на мечот е избран Месут Озил , вторпат за пет дена.

Видео:

No Response to "Преглед : Реал Мадрид - Ајакс 2:0"

Leave A Reply