среда, септември 01, 2010

Мурињо:"Јас сум тренер , не Хари Потер"

Posted on 9/01/2010 by Raisinloaf



Жозе Мурињо даде интересна изјава за новинарите на шпанскиот АС , на кои јасно им дал до знаење дека ке ја освои Примера.

АС:Изминаа два дена откако Реал остана без два бода по дуелот со Мајотка.

Мурињо:Видете , ке ви кажам една работа.Сите мои успешни сезони стартуваат со реми.Во Порто ремизирав во првата сезона и освоив четири титули.Во Интер ремизирав во дебитантската сезона и освоив две титули а подоцна уште три.Не гледам зошто ремито е толку драматично после првото коло.

АС:Дали сте разочаран со резултатот?

Мурињо:Првите утакмици се секогаш чудни.Погледнете ги остантите големи тимови.Баерн изгуби на гостувањето, Манчестер ремизираше со Фулам,Интер исто ремизираше , но тоа се нормални работи на почетокот од сезоната.

АС:Можете да ни кажете каква иднина очекувате во Реал Мадрид?

Мурињо:Видете, јас сум тренер не Хари Потер.Тој е волшебник а во реалноста тоа не постои.Не размислувам на тој начин.Магијата е фикција, но фудбалот го доживувам како реалност.Јас сум во Мадрид неколку месеци и одработивме десетина тренинга.Знаете ли колку успеав да работам со новите засилувања?Ниту десет!.Несме добро уиграни и затоа ни треба време да го комплетираме тимот и секој да игра во врвна форма.

АС:Како се чивствуваа Кедира и Озил бидејки не играа во почетниот состав?

Мурињо:Нивнито живот во Мадрид на почетокот нема да биде лесен.Тие малку го познаваат шпанскиот јазик , она што го знаат е "buenos dia" и "hola".Работата на теренот е многу подруга и добро е што имам помошник кој го знае нивниот јазик и им ги преведува моите инструкции.И јас зборувам малку шпански, но многу малко и затоа на целиот тим ни треба малку време за прилагодување.

No Response to "Мурињо:"Јас сум тренер , не Хари Потер""

Leave A Reply