среда, септември 01, 2010

Ван Дер Варт преминува во Тотенхем

Posted on 9/01/2010 by Raisinloaf



Рафаел Ван Дер Варт најверватно според пишувањата на шпанските медиуми вечерва пред крајот на трансфер периодот ке го напушти Реал Мадрид.
Денеска во Лондон претставниците на Реал Мадрид преговараа со челниците на Тотенхем и успеале да се договорат за преминот на Рафаел во Тотенхем.Имено од трансферот Реал ке инкасира 11 милиони евра , но останува уште играчот да се согласи.Тоа би можело да биде проблем со оглед дека Рафаел изјави дека сака да остане во Реал.Ваков проблем Реал имаше и лани кога се беше договорено за трансфер на Гаго во Манчестер Сити но до трансферот не дојде бидејки играчот не се согласи.По се изгледа само Мамаду Диара ке стане во Реал од сите кои се најавуваа како вишок во клубот.

No Response to "Ван Дер Варт преминува во Тотенхем"

Leave A Reply