понеделник, септември 20, 2010

Реал ке бара 8 милиони евра за Дренте

Posted on 9/20/2010 by Raisinloaf

Реал Мадрид во случај на продажба на Ројстон Дренте ке бара 8 милиони евра , пишува Марка.

Пред неколку дена од Херкулес каде Дренте игра како позајмен играч , потврдија дека се заинтересирани за целосно откупување на договорот на Дренте.Еден од новите миленици на навивачите на Херкулес , одлично се вклопи во клубот и е еден од најдобрите играчи на теренот.Но , проблем за Херкулес може да претставува откупната цена која е превисока за новиот прволигаш во Шпанија.За Дренте се спремни да платат 5 милиони евра плус уште еден милион на две рати.Сепак од Реал , како што тврди Марка , откупната цена за Дренте ја поставиле на 8 милиони евра и во зависност од настапите на Дренте во Херкулес таа може да биде зголемена.Преговорите би можеле да продолжат после зимскиот преоден рок кога за Дренте би можеле да се заинтересираат неколку италијански гиганти пред се Милан и Јувентус.

No Response to "Реал ке бара 8 милиони евра за Дренте"

Leave A Reply