среда, септември 22, 2010

Преглед : Реал Мадрид - Еспањол 3:0

Posted on 9/22/2010 by Raisinloaf



Жозе Мурињо оствари уште една победа на домашен терен.Овој пат над каталонскиот клуб Еспањол.Гостувањето на Еспањол на Бернабеу за многумина значеше нови три бода за Реал но тоа нималку не беше лесен натпревар , поготово во второто полувреме кога Еспањол се разигра и имаше неколку сериозни шанси за погодок.Еспањол беше послабиот противник во целиот натпревар но нивните контри опасно го загрозуваа голот на Реал , за среќа меѓу стативите Реал го има несовладливиот Касиљас.Реал уште од првата минута стартуваше со изменет состав.Најавено е дека Кедира ке игра покрај Алонсо но сепак од првата минута стартуваше Лас.Во почетокот немаше многу шанси се до 5 - та минута кога Еспањол ја промаши првата изгледна шанса.Во 12-та минута Озил во рака го погоди еден од играчите на Еспањол но судијата не суди ништо.Од 16-та минута се забележа надмоќноста на Реал бидејки Еспањол никако не успеваше да премине на половината на Реал.Во 25 минута , Ди Мариа направи одличен соло продор покрај неколку играчи на Еспањол но шутираше покрај голот.Во 27 минута Душер прави фаул над Роналдо , кој го изведува слободниот удар и го погодува Гарсија во рака по што судијата покажува на белата точка.Пеналот го изведува Роналдо кој погодува , но судијата го понуштува поради прерано влегување во шеснаесетникот на играчите.Повторното шутирање Роналдо повторно го искористува за водство на Реал од 1:0.До крајот на полувремето имаше уште неколку шанси кои не беа искористени.

Во второто полувреме Игуаин промашува уште една шанса на општо незадоволство на навивачите.Во 53 минута Пепе добива жолт картон , и само 4 минути покасно и вториот жолт картон по што Реал остана со играч помалку.
1:0 остана се до 79 минута , кога Игуаин на асистенција на Роналдо конечно погодува со што се решава прашањето кој ке биде победникот на овој натпревар.Игуаин е заменет со Бензема кој на најдобар можен начин , неколку минути по влегувањето со сјајен потег постигнува погодок за 3:0 со што навивачите беа воодушевени.Со оваа победа Реал барем до вечерва ке биде на челната позиција и со 4 бода предност пред Барселона која вечерва го пречекува Спортинг.

No Response to "Преглед : Реал Мадрид - Еспањол 3:0"

Leave A Reply