вторник, септември 28, 2010

Најава : Оксер - Реал Мадрид (ЛШ 2-ро коло)

Posted on 9/28/2010 by Raisinloaf



Во второто коло од групната фаза од Лигата на Шампионите , Реал Мадрид гостува во Франција против Оксер.Реал во првото коло на Сантијаго Бернабеу го совлада Ајакс со 2-0 а Оксер беше поразен од Милан на гости со 2-0.Двете екипи во последното коло од националните првенства ремизираа.

Жозе Мурињо на веречашната утакмица нема да смета на Каналес,Гарај,Албиол и Гаго кои се повредени и Леон кој е изоставен од првиот тим.Натпреварот се игра во 20:45 часот а судија е Данецот , Клаус Бо Ларсен.

Најавени состави:

Оксер :  Сорин;Хенгбат,Коулибали,Гричтинг,Бертод;Ндинга,Педрети,Оличех,Бирса,Лангил;Јелен

Реал Мадрид : Касиљас;Марсело,Рамос,Пепе,Арбелоа;Озил,Кедира,Алонсо;Роналдо,Игуаин,Бензема

No Response to "Најава : Оксер - Реал Мадрид (ЛШ 2-ро коло)"

Leave A Reply