среда, септември 29, 2010

Преглед : Оксер - Реал Мадрид 0:1

Posted on 9/29/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид сношти извојува победа против Оксер со минимални 1:0.Реал Мадрид повторно со многу потешкотии стигна до победата на гостувањето во Франција.Единствениот погодок беше дело на Анхел Ди Мариа.Жозе Мурињо се одлучи да влезе дефанзивно на овој натпревар , а Роналдо и Игуаин продолжуваат со слабата форма што веке прераснува во сериозен проблем.Раководството на Реал , како ни навивачите немаат причина за задоволство бидејки како нападот , така и одбраната не беше на ниво.




Првата шанса на натпреварот ја имаше Оксер.Францускиот тим се закани во 4.минута , но напаѓачот Олиех не реагираше доволно добро.Реал Мадрид својата прва шанса ја имаше во 8.минута , кога шутираше Кристијано Роналдо но голманот на Оксер добро одбрани.Две минути подоцна шутираше Лас кој замалко не го доведе Реал во водство , топката помина покрај голот.Реал притискаше се повеке , шансите се редеа ,14.минута Лас шутира но одбрамениот играч на Оксер добро блокира.Во 17.минута Реал има добра прилика од слободен удар , но откако Чаби го изведува , Пепе прави фаул во напад.Во 25.минута ја бележиме шансата на Оксер , Педрети изведува слободен удар по кој со глава шутира Ндинга , додека Касиљас само ја гледаше топката која заврши над стативата.Во 31.минута вообичаено за оваа сезона Игуаин промашува стопостотна прилика.Како и обично центрира Марсело кој го наоѓа Игуаин кој избегнува офсајд и сам се наоѓа во петерецот но наместо лесно да ја прати топката во противничкиот гол тој ја промашува цела топка.Сјајна шанса имаше и Марсело.Алонсо го наоѓа Марсело кој во скок шутира во волеј , но ја зафаќа добро топката и таа завршува во рацете на голманот Сорин.Се игра 39.минута кога Кристијано добива жолт картон поради играње со рака.По првите 45 минути резултатот останува 0:0.



Во вториот дел Алонсо и Арбелоа имаа шанси но без успех.Во 58 минута , Мурињо го повлекува Бензема и во игра го внесува Месут Озил.Во 60.минута жолт картон добива и Рамос поради фаул над педрети.4 минути подоцна Јелен има добра шанса за Оксер но го промашува цел гол.Шанса веднаш има и Игуаин од претешка позиција , но тој сезонава промашуваше далеку полесни шанси така да не можевме да се надева дека ке постигне гол од оваа шанса.Две минути подоцна Роналдо шутира во голот но голманот Сорин лесно ја фаќа топката.Во 67.минута жолт картон добива и Лас , очекува бидејки Французинот до тој дел од натпреварот имаше 50% од направените фаули на целиот тим.Во 70.минута шутира Роналдо од голема одалеченост од слободен удар по што голманот на Оксер со големи напори го одбранува ударот.3.минута подоцна излегува Лас поради закана од црвен картон и на негово место влегува Анхел Ди Мариа.Во 77.минута Ди Мариа испраќа една топка до Игуаин но Аргентинецот закаснува и да беше малку побрз ке се најдеше во шанса за гол.Дека Оксер игра на контри се покажа неколку минути подоцна.Оксер одигра добро а завршницата му припадна на Пепе кој ја погоди само стативата на сопствениот гол.Во 81.минута Реал постигнува гол , кој беше нерегуларен.Рамој покренува напад , и ја удри топката со рака , и дали судијата виде или не , топката доаѓа до Ди Мариа кој ја смирува со гради и сјајно шутира и постигнува преубав погодок за водство на Реал.Во 83.минута пожолтува Траоре поради фаул над Алонсо.Дека Мурињо е комплетно дефанзивно ориентиран докажа во 86.минута кога во игра влезе и четвртиот деструктивец ,Мамаду Диара кој влезе во игра на местото на Игуаин.Во судиското надополнение кој траеше 4.минути Оксер имаше добра шанса но шутираа покрај голот.Судијата означува крај на натпреварот од второто коло во ЛШ во кој Реал на гости го победува тимот на Оксер со 1:0.

Состави: Оксер:Сорин,Хенгбарт,Коулибали,Гритчинг,Дудка,Ндинга,Педрети,Котоут(Јелен),Чафни,Лангил и Олиех.

Реал Мадрид:Касиљас,Арбелоа,Рамос,Пепе,Марсело,Алонсо,Лас(Ди Мариа),Кедира,Роналдо,Бензема(Озил) и Игуаин(М.Диара).

Видео:

No Response to "Преглед : Оксер - Реал Мадрид 0:1"

Leave A Reply