недела, септември 19, 2010

Преглед : Реал Сосиедат - Реал Мадрид 1:2

Posted on 9/19/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид запиша нови три бода во Примера , откако на гостувањето кај Сосиедад славеа со 1:2.
Доста тешко се покажа ова гостување  , поготово во првиот дел , му донесе на Реал , нови три бода и четири бода предност пред Барселона која вечерва гостува кај Атлетико.Вракањето на Рамос во првиот тим сепак не се покажа како добар потег.Рамос имаше неколку неспретни реакции по што за среќа Касиљас остана не совладан.Почетокот на мечот се покажа дека домаќинот ке биде рамноправен противник.Реал имаше изгледни шанси во втората и шестата минута преку Алонсо и Озил.Сепак најизгледната шанса на мечот прв ја имаше Сосиедат преку французинот Гриезман кој промаши стопостотна прилика испраќајки ја топката покрај голот.Во 31 минута Реал имаше напад преку Озил кој ја нафрли топката преку слободен удар по што се одби од играч на Сосиедат кој беше поставен во живиот ѕид , а судијата не забележа дека играчот топката ја одби со рака , по што Реал остана оштетен со чист пенал.До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни но не резултираа со погодок.

Во Второто полувреме започнува со жолтиот картон на Серхио Рамос кој и повеке од очигледно дека не го допре Гриезман но судијата се реши да му покаже жолт картон.Само една минута подоцна Анхел Ди Мариа со рацете прави срце пред навивачите на Реал , тоа значеше 1:0 за Реал Мадрид.Ди Мариа одлично се ослободи од левата страна и маестрално погоди со десна нога.Сепак во 62 минута одбраната на Реал катастрофално реагира , од слободен удар , Гриезман нафрлува до Тамудо кој го изедначува резултатот.За 1:2 се погрижија Португалските репрезентативци.Роналдо изведува слободен удар по што топката се одбива од Пепе и завршува во мрежата на Сосиедат.Во 83 минута сите помислија дека е 2:2 кога шутот на Гриезман  не беше доволно јак да го совлада Касиљас кој продолжува маестрално да брани на голот на Реал.Со оваа победа Реал барем до почетокот на денешните дуели е на челната позиција.

Мора да се напомене дека при излегувањето од автобусот домашните навивачи два пати го плукнаа тренерот Мурињо.





No Response to "Преглед : Реал Сосиедат - Реал Мадрид 1:2"

Leave A Reply