недела, септември 12, 2010

Реал Мадрид 1-0 Осасуна

Posted on 9/12/2010 by Raisinloaf

Реал Мадрид во рамките од второто коло во Ла Лига на домашен терен ја совлада екипата на Осасуна со минимални 1-0.Единствениот погодок на натпреварот го постигна Рикардо Карваљо.


Жозе Мурињо на терен ги изнесе следните играчи:

Реал Мадрид : Касиљас,Рамос,Пепе,Карваљо,Марсело,Чаби,Кедира,Озил,Роналдо,
Бензема и Игуаин.

Почетокот на натпреварот започна со мала иницијатива на Реал Мадрид и првата посериозна шанса ја бележиме во 18-та минута.Бензема одлично продира по десната страна , му додава на Игуаин кој од одлична позиција шутира над голот.Во 22-та минута нова шанса за Реал преку Озил кој одлично го наоѓа Роналдо но неговиот удар голманот на Осасуна ,Рикардо лесно го сопира.Една минута подоцна Игуаин ја имаше најдобрата шанса , Озил повторно одлично го пронаоѓа Игуаин кој не се снајде најдобро во шеснаесетникот и неговиот удар од мртов агол оди преку голот.






Во второто полувреме Реал започнува фуриозно.Само 3 минути , поточно 48-та минута , Рикардо Карваљо го доведува Реал во водство.Озил од лево одлично го пронаоѓа Роналдо кој шутира силно но голманот на Осасуна во последен момент го сопира но  одбиената топка доаѓа до Карваљо кој не му беше тешко да го донесе Реал во водство.Во 64-та минута Игуаин пропушта уште една голема шанса.Роналдо на одличен начин го пронаоѓа Игуаин кој излегува сам пред голманот на Осасуна , но не успева да погоди.Во 71-та минута , Мурињо ја прави првата измена на натпреварот.Во игра , место Бензема влегува Педро Леон.До крајот на натпреварот имашу уште изгледни шанси , Реал да го зголеми водството но без успех.Во игра уште влегоа Гранеро на местото на Озил и Ди Мариа на местото на Игуаин.Реал Мадрид со оваа победа се проби на втората позиција на табелата , додека на првата останува Валенсија која по две кола има 6 бода.

Видео:





No Response to "Реал Мадрид 1-0 Осасуна"

Leave A Reply