понеделник, август 23, 2010

Мурињо експериментираше со Озил и Каналес

Posted on 8/23/2010 by Raisinloaf



Жозе Мурињо експериментираше со Месут Озил и Серхио Каналес во првото полувреме од натпреварот со Херкулес.Реал Мадрид во тимот има одлични четири офанзивни плејмејкери.Вчера од првата минута играа Каналес и Озил кои ги менуваа своите позиции.Каналес и вчера заигра малку повеке дефанзивно за разлика од Озил кој цело време беше зад напаѓачите.Најдобар показател за ротациите на Мурињо беа овие два играчи кои играа на десната страна како класичен плејмејкер и офанзивен плејмејкер.Еден дел од натпреварот Мурињо проба да експериментира со Педро Леон кој покрај сјајните партии на десната страна овој пат заигра на левата но без успех.Со овие ротации , Мурињо јасно дава до знаење дека во преден план му се Леон,Каналес и Озил во стартниот состав и дека се спрема за продажба на Рафаел Ван Дер Варт,Момо Диара и Дренте.

No Response to "Мурињо експериментираше со Озил и Каналес"

Leave A Reply