петок, август 20, 2010

Четири клуба се интересираат за Ван Дер Варт

Posted on 8/20/2010 by Raisinloaf



Волфсбург,Челзи,Милан и Манчестер засега пројавуваат интерес за Холанѓанецот во редовите на Реал Мадрид , Рафаел Ван Дер Варт.Со доаѓањето на Каналес и Озил кои се приклучија на Кака и Рафаел кои играат на иста позиција го направија Рафаел вишок и покрај неговата желба за останување во тимот.Како наведува АС моментално за него се заинтересирани четири клуба и тоа сите играат во петте најаки првенства а Реал од трансферот на Рафаел очекува да заработи најмалку 15 милиони евра.Од Германија за него е заинтересиран Волфсбург кој повторно прави шампионски тим со доведувањето на Симон Кјаер и останувањето на Един Џеко.Можеби најблиску беа до плејмејкерот на Јувентус , Диего но тој се реши за останување во Торино со што германскиот тим го сврте вниманието кој Рафаел.Дејли Маил наведува дека Челзи и Јунајтед се најблиску до доведување на Холанѓанецот додека од Италија тврдат дека Милан веке започнал преговори со пријателите од Мадрид.Како и да е разврска за трансферот на Рафаел се очекува најкасно до наредната среда.

No Response to "Четири клуба се интересираат за Ван Дер Варт"

Leave A Reply