четврток, август 05, 2010

Реал со победа во првиот натпревар во претсезоната.

Posted on 8/05/2010 by Raisinloaf



Реал Мадрид во првиот натпревар оваа сезона стигна до првата победа.
Иако не беше лесно добиен натпреварот сепак избраниците на Жозе Мурињо стигнаа до победа над клубот од Мексико , Клуб Америка во Сан Франциско.Реал Мадрид поведе преку Серхио Каналес кој во својот дебитантски настап во новиот клуб најавува блескава иднина во дресот на Реал.Карим Бензема се проби по левата страна по блескавата акција додавајки до Каналес кој немаше никакви проблеми да ја смести топката во противничката мрежа.По постигнатиот гол на Реал во 53 минута Ескуде израмнува на 1-1 по добиената топка испраќајки ја во левиот агол на голманот Адан.Седум минути покасно односно во 60 минута уште една грешка на Реаловата одбрана откако Дренте не го затвори добро Санчез кој на ист начин го совлада Адан.Но подоцна стапуваат двата најдобри играчи на Реал од претходната сезона.Игуаин во 63 минута изедначи на
2-2.Сјајно се провлече покрај стоперите на Америка а Роналдо уште подобро му подаде по што Игуаин на лесен начин го изедначи натпреварот.На 8 минути пред крајот на натпреварот Роналдо е соборен пред противничкиот шеснаесетник по што судијата покажа за слободен удар по што во свој препознатлив стил Роналдо поентира и му ја донесе првата победа во претсезоната.

Состави:
Америка: 1 Очоа (12 Наварете 46`) , 14 Улисес , 4 Рохас , 3 Аквилдо (33 Патрисио 59`) , 5 Росинел , 10 Монтенегро (7 Сандовал 32`) ,9 Ескуде , 13 Пардо (19 Лајун 46`) , 30 Вуосо , 11 Санчез , 8 Мартинез (27 Лопез 46`).

Реал Мадрид : 1 Дудек (13 Адан 46`) , 30 Хуанфран (27 Начо 46`)(Алекс 85`) , Пепе , 19 Гарај , 12 Марсело (Дренте 46`) , Гаго (Диара 46`),10 Лас (26 Тебар 68`) , 21 Педро Леон (Ди Мариа 46`) , 7 Роналдо (29 Мората 85`) , 16 Каналес(11 Гранеро 46`) , 9 Бензема (20 Игуаин 46`).

No Response to "Реал со победа во првиот натпревар во претсезоната."

Leave A Reply