четврток, август 05, 2010

Kaка : 4-ри месеци во аут

Posted on 8/05/2010 by Raisinloaf



Реал Мадрид потврди дека бразилскиот ас Кака е оперира во Белгија.Кака имаше повреда на менискусот и оперативниот зафат бил неизбежен па сега го очекува 4-ри месеци рехалибитација.Кака уште на почетокот на неговата кариера во Реал се бори со повредите што го спречија да ги покаже своите квалитети во целост.Кака уште на 18 години скокајки на трамболина го повредил рбетникот заради што скоро и прекинал да игра фудбал.Во фебруари 2006 ги повредил мускулите на десната нога по што паузирал цели 5 месеци по кои истата повреда го мачи и во наредните години.Во фебруари 2008 со нова повреда , овој пат е во питање коленото а паузира се до Август 2008 , потоа во декември 2008 ги повредува препоните и во почетокот се мислеше дека го очекува долга пауза но се враќа неколку недели подоцна за во фебруари 2009 да го повреди глуждот и паузира два месеци.За последните повреди да бидат во дресот на Реал Мадрид каде при крајот на прошлата година се здоби со повреда на препоните а покасно и со проблеми со мускулите.Заради овие повреди Кака пропушти 10 лигашки натпревари во дресот на Реал.Последната која ке го одалечи цели 4 месеци највероватно ке им пружи шанса на младиот Каналес и Ван Дер Варт да се борат за место во првиот состав а на Кака да се надева на целосна рехабилитација и последна посериозна повреда.Експертите изјавуваат дека Милан свесно го пуштил Кака во Реал знаејки за неговите кревки ноги а трансферот од 65 милиони сигурно не му се исплати на Реал бидејки Кака не ја покажа играта од Милан.

No Response to "Kaка : 4-ри месеци во аут"

Leave A Reply