четврток, јули 08, 2010

Ди Мариа успешно ги помина медицинските прегледи

Posted on 7/08/2010 by HristijanKrstev



Ангел Ди Мариа без никакви проблеми ги помина медицинските прегледи, и утре и официјално ќе биде презентиран како ново засилување на Реал Мадрид.

Договорот со Ди Мариа беше постигнат уште пред десетина дена, но поради обврските на играчот со репрезентацијата, не можеше порано да се изврши презентацијата. Откако Аргентина се збогува со Светското првенство, Ди Мариа пристигна во Мадрид за да го комплетира трансферот во Реал.

Ди Мариа утрово во 10 часот, придружуван од својата девојка беше примен во клиниката Санитас ла Моралеха, каде беше прегледан од докторот на Реал Мадрид, Хуан Карлос Хернандез.

Карлос Диез, шефот на клиниката изјави дека играчот е во одлична состојба, и може да му биде ставен на располагање на Жозе Мурињо.

Пред да замине на одмор, Ди Мариа ќе биде презентиран како нов играч на Реал Мадрид во Петок од 13 часот. Презентацијата ќе се одржи во претседателските просториите на стадионот Сантијаго Бернабе.


По презентацијата Ангел Ди Мариа ќе одржи прес-конференција за новинарите, а потоа ќе оди на одмор, и се очекува на 15 мај кога започнуваат подготовките за новата сезона, заедно со останатаите соиграчи и новиот тренер да му се придружи на тимот.

No Response to "Ди Мариа успешно ги помина медицинските прегледи"

Leave A Reply