четврток, јули 08, 2010

Дренте блиску до Спортинг Лисабон

Posted on 7/08/2010 by HristijanKrstev



Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, дал одобрување Дренте да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во португалскиот тим Спортинг Лисабон.

Добрите односи што ги има Реал Мадрид со спортскиот директор на Спортинг, Костиња, биле клучот за холанѓанецот од наредна сезона да се пресели во португалскиот тим.

Како што пишува шпанскиот весник АЅ, Мурињо го одобрил трансферот, и сега останува уште двата тима да ги договорат деталите околу трансферот. Проблемот поради кој Дренте уште од поодамна не го напушти тимот е тоа што имаше уште неколку заинтересирани тимови за неговиот потпис (Јувентус, Милан).

Јасно е дека Дренте нема многу да се изнаигра во Реал наредната сезона, а уште појасно е дека ќе го напушти Реал Мадрид.

Ако двата тима не се договорат, Дренте на 16 јули ќе почне да тренира со своите соиграчи во Валдебебас тренинг-кампот.

No Response to "Дренте блиску до Спортинг Лисабон"

Leave A Reply