недела, јули 11, 2010

Реал и Штутгарт ги забрзуваат преговорите за Кедира

Posted on 7/11/2010 by HristijanKrstev




Според шпанскиот весник АЅ, трансферот би можел да биде комплетиран во наредните неколку дена.

Преговорите помеѓу Реал и Штутгарт се на вистински пат, и во последно време двата тима ги интензивираат преговорите за германскиот интернационалец. Односот помеѓу двата тима е одличен, а Кедира има договор до 2011 година, па ова е последна можност за Штутгарт да заработи нешто од неговиот трансфер, во спротивно тој би можел да го напушти тимот како слободен играч.

Цената на трансферот би требала да биде околу 10 милиони евра, бројка која е многу поприфатлива за разлика од цените на останатите играчи кои Реал ги бара. Јорг Неубауер, агентот на играчот е во преговори со двата тима, и веќе преговара за договорот кој би можел да го има Кедира наредната сезона во Реал Мадрид.

Мурињо внимателно го следи Светското првенство, и знае дека неговиот трансфер би бил изводлив. Со оглед на високата цена на Џерард, Де Роси или Швајнштајгер, верува дека Кедира ги исполнува сите барања за да го носи дресот на Реал Мадрид.

Исто така и Кристијан Грос, тренерот на Штутгарт го најави можното заминување на Кедира. Изјави дека е глупаво да не се мисли на трансфер кога договорот на играчот му истекува во 2011 година, и дека се потребни пари доколку сака да го зајакне тимот со нови играчи. Потврди дека ќе бидат разгледани сите понуди кои ќе пристигнат за играчот, иако ќе биде огромна штета тој да си замине од Штутгарт.

No Response to "Реал и Штутгарт ги забрзуваат преговорите за Кедира"

Leave A Reply