среда, јули 07, 2010

Раул најверојатно преминува во Шалке

Posted on 7/07/2010 by HristijanKrstev



Раул Гонзалес одлучи да го напушти тимот на Реал Мадрид, и својата кариера да ја продолжи во германскиот тим Шалке.

Германскиот весник Sport Bild тврди дека помеѓу Раул и Шалке е се договорено. Моменталниот капитен на Реал Мадрид, се одлучил да потпише договор на две години каде ќе заработува по 2,5 милиони по сезона, што и не е така лошо за играч кој е "во години".

Како што пишува весникот, Раул го договорил трансферот преку својот агент Гинес Карвахала, а освен Шалке, имаше понуди и од други арапски тимови, но легендата не отиде за пари, туку за желбата за игра, и да дава се од себе на терените, а како и обичнo, да ги руши сите рекорди пред себе.

Управата на Реал Мадрид одлучи да ја подржува секоја одлука на една од најголемите легенди на кралскиот тим.

No Response to "Раул најверојатно преминува во Шалке"

Leave A Reply