среда, јули 07, 2010

И Реал влегува во трката за Сами Кедира

Posted on 7/07/2010 by HristijanKrstev



Дефинитивно Реал Мадрид се решени во своите редови од наредната сезона да имаат германец.

Бастиан Швајнштајгер, Томас Милер, Лукас Подолски, Месут Озил, а сега и Сами Кедира, се се тоа играчи кои во последните неколку недели се поврзувани со Реал Мадрид, а највеќе се зборува за Бастиан Швајнштајгер.

Последниот германец на таа листа, Сами Кедира, играч на Штутгарт, а и стандарден репрезентативец на Германија на Светското првенство, е проценет на 15 милиони евра, но би можел да го напушти клубот за 10-13 милиони евра, затоа што има договор до 20131година, и доколку Штутгарт сакаат да го продадат, ќе мора да го направат тоа што поскоро.

Реал нема намера да плати повеќе од 13 милиони евра, а во последно време и Перез не е многу расфрлан со пари.

No Response to "И Реал влегува во трката за Сами Кедира"

Leave A Reply