среда, јули 07, 2010

Ди Мариа пристигна во Мадрид

Posted on 7/07/2010 by HristijanKrstev



Новото засилување на Реал Мадрид пристигна утрово во 5:30 часот во главниот град на Шпанија.

Ангел Ди Мариа пристигна во Мадрид за да ги обави медицинските прегледи, и да биде презентиран пред фановите на Реал Мадрид. Тој пристигна од Буенос Аирес, каде беше на заслужен одмор, после учеството на Светското првенство во Јужна Африка, каде тој беше стандарден првотимец во репрезентацијата на Аргентина.

Ангел Ди Мариа (14 февруари 1988, Росарио, Аргентина) е играч кој главно игра на позиција лево крило, но понекогаш може да се користи и како втор напаѓач, и како десно крило. На 22 години беше прогласен за најдобар играч во португалската лига, каде што два пати го освои купот, и еднаш португалската лига со Бенфика. Со Аргентина триумфираше на Светското првенство за играчи под 20 години, а исто така го освои и златниот медал на олимпијадата во Пекинг. Во својот прв настап на Светските првенства, беше стандарден член кај Диего Армандо Марадона, заедно со својот иден колега од Реал, Гонзало Игуаин.

При пристигнувањето на аеродромот во Мадрид, тој изјави:

- Пресреќен сум што пристигнав тука. Се надевам дека ќе освојам многу титули со Реал.

Патот на Ангел Ди Мариа:
2005-2007 - Росарио Централ (Аргентинска Лига)
2007-2010 - Бенфика (Поргуалска Лига)

Освоени титули:
Златен медал на олимписките игри во Пекинг (2008 - Аргентина)
Светски првак за играчи под 20 години (2007 - Аргентина)
1 Португалска лига (2009-10 со Бенфика)
2 Португалскиот куп (2008-09 и 2009-10 со Бенфика)

Признанија:
Прогласен за играч на годината во Португалија (2009-10)

No Response to "Ди Мариа пристигна во Мадрид"

Leave A Reply