вторник, јули 13, 2010

Мурињо денеска пристигнува во Мадрид

Posted on 7/13/2010 by HristijanKrstev



Жозе Мурињо денеска ќе пристигне во Мадрид каде конечно ќе започне со работа.

Жозе Мурињо денеска се врати од одмор, и веднаш започнува со работа. Неговите играчи треба на 15 јули да бидат во Мадрид кога сите треба да ги поминат медицинските прегледи, а на Мурињо му остануваат уште некои работи кои мора да ги реши.

Пет потврдени натпревари, за три се преговара

Реал Мадрид оваа предсезона дефинитивно ќе одигра пет натпревари, додека се преговара за одигрување на уште три натпревари. Сан Хозе, Лос Анџелес Галакси, Баерн Минхен, Стандард Лиеж и Херкулес се тимовите со кои засега се е договорено. Наводно е договорен и натпреварот со мексиканскиот тим Клуб Америка, но тие тврдат дека натпреварот ќе се одигра на истиот ден на кој Реал ќе игра со Сан Хозе.

Реал моментално преговара со неколку тимови за Сантијаго Бернабеу купот, а во игра е и Стеауа, но од таму сеуште немаат потврдено дека ќе се одигра натпреварот, но потврдија дека постои интерес за такво нешто.

Раул, Гути и Дренте први заминуваат ?

Се шпекулира дека Раул и Гути во наредните два-три дена ќе го договорат заминувањето во други клубови. Гути е близу до преселба во Бешикташ, а Раул многу близу до преселба во германскиот Шалке. Дренте е на мета на неколку клубови, од кои Спортинг Лисабон има најголеми шанси да го донесе во своите редови.

Засилувања

Мурињо ќе има состанок со Мигел Пардеза и Хорхе Валдано за да го забрза трансферот на Сами Кедира. Освен за него, Мурињо е заинтересиран и за Де Роси, Швајнштајгер, Џерард и Хави Мартинез, но најверојатно никој од тие нема да се пресели во Реал Мадрид.

Трансферот на Кедира би требало да чини околу 10 милиони евра, а Мурињо смета дека тој е профил на играч каков што му е потребен на Реал Мадрид.

Се спомнува и трансферот на Маикон, но засега ништо не е сигурно за него, затоа што Интер бара 35 милиони евра за неговите услуги, а најверојатно Мурињо нема намера да ја плати таа цена.

Пепе и Дудек добиваат нови договори ?

Португалецот Пепе целосно се опорави и одигра два важни натпревари за португалската репрезентација на Светското првенство. Тој неодамна требаше да потпише нов договор, но поради тешката повреда која ја здоби кон крајот на минатата година не успеа официјално да стави потпис на новиот договор. Мурињо сака да му понуди нов договор со повисока плата, а се надева и дека Дудек ќе се согласи на продолжување на договорот за една година.

11 играчи од Светското првенство на 15 јули нема да бидат во Мадрид

11 играчи на Реал Мадрид кои со своите репрезентации настапуваа на Светското првенство нема да пристигнат во Мадрид за да ги обават медицинските прегледи. Кака, Игуаин, Ди Мариа и шесте играчи кои играа во финалето ќе пристигнат во Лос Анџелес на 2 август, а Пепе и Роналдо седум дена порано. Поради настапот за шпанската репрезентација под 19 години на Европското првенство, Каналес ќе му се придружи на тимот кон крајот на овој месец, или почетокот на наредниот.

No Response to "Мурињо денеска пристигнува во Мадрид"

Leave A Reply