среда, јули 14, 2010

Касиљас: Кол ќе потпише со Реал

Posted on 7/14/2010 by HristijanKrstev



Според најдобриот голман на Светското првенство, Ешли Кол е на работ на преселба во Реал Мадрид.

Кол е подготвен да ја напушти Премиер Лигата и Англија, а неговиот поранешен тренер, Жозе Мурињо, е спремен да го донесе во Реал Мадрид.

Иако преговорите не ни започнале, Икер Касиљас е уверен дека од наредната сезона Ешли Кол ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Икер тврди дека за ова разговарал со некој од челниците на клубот, но многу малку, но исто така е уверен дека Кол ќе премине во Реал.

- Од она што го слушам, постојат големи шанси тоа да се случи. На кратко разговарав со челниците на клубот, но сигурен сум дека Кол ќе премине во Реал. Мислам дека тоа за него ќе биде добар потег, како професионално така и приватно. Тоа за него ќе биде последен голем договор во кариерата, и зошто да не потпише за тимот кој го води неговиот бивш тренер. Тој најдобро од сите знае дека овој клуб ќе доживее успех под водство на Жозе Мурињо. - изјави Икер Касиљас.

No Response to "Касиљас: Кол ќе потпише со Реал"

Leave A Reply