недела, јануари 09, 2011

Најава:Реал Мадрид - Виљареал

Posted on 1/09/2011 by Raisinloaf


Реал Мадрид вечерва има тешка задача за да продолжи да врши притисок над Барселона на врвот на табелата.По лошото издание во Купот против Леванте , пред Реал е можеби најакиот противник досега.Виљареал се наоѓа на третата позиција и вечерва се одлучни дека доаѓаат по трите бода.На Реал пак , победа вечерва е единствен услов за да се продолжи битката со Барселона која вчера славеше против Депортиво со 0:4.Мурињо за прв пат откако е тренер на Реал , го објави предвреме составот на прес конференција.

Реал и Виљареал го играат 23 меѓусебен дуел.Реал досега само два пати е поразен и тоа само на гостувањата.14 победи , 6 нерешени и два пораза е билансот.Во последните пет натпревари Реал славел четири пати и тоа со 0:2,3:2,1:0 и 6:2 додека Виљареал славел само еднаш.Го разликата во меѓусебните дуели е 46:18.

Реал највероватно ке игра со формација 4-2-3-1 и тоа со Касиљас,Рамос,Албиол,Карваљо,Марсело,Алонсо,Лас,Ди Мариа,Озил,Роналдо и Бензема.На клупа на располагање Мурињо ги има Адан и Пачеко, потоа Леон,Гранеро,Кедира,Кака,Гаго и Гарај.

Виљареал највероватно ке започне со Лопез,Капдевиља,Мусачио,Гонзало,Лопоз,Бруно,Валеро,Кани,Казорла,Роси и Рубен.На клупа ги имаат Монтеро,Алтидор,Матила,Марио,Ориол,Катала и Карлос.

No Response to "Најава:Реал Мадрид - Виљареал"

Leave A Reply