среда, јануари 26, 2011

Куп на Шпанија : Севиља - Реал Мадрид

Posted on 1/26/2011 by Raisinloaf


Реал Мадрид вечер го игра првиот од двата натпревари со Севиља во Кралскиот Куп.
Реаловиот пат до полуфиналето преку Мурсија,Леванте и Атлетико Мадрид го доведе тимот на Мурињо до можеби најважниот и најтешкиот испит сезонава.Екипата на Севиља која е и актуелен одвојувач на Купот зад себе има верна публика која ке ги бодри вечерва.Играчите на Севиља пред вечерашниот дуел снимиле и видео со кое се претставуваат како борци и дека дуелот со Реал за нив е како војна и борба за престиж.

Мурињо на овој дуел повика 23 играчи , меѓу кои ги нема Пепе,Игуаин и Дудек поради повреди а повратници во составот се Мамаду Диара и Сами Кедира.Новото засилување Адебајор нема да игра вечерва поради напорниот ден по пристигнувањето во Мадрид.Натпреварот против Севиља се игра на Санчез Пискуан стадионот во 20:00 часот.

Моментална Форма : Домашната екипа сезонава е многу лоша во домашното првенство.Има 29 освоени бодови и се на осмата позиција што не им е во прилог за некоја од позициите за ЛШ.Со вракањето на неколку важни играчи на Севиља , веднаш се почуствува тоа со победата од 3:0 во мината утакмица од Купот против Виљареал.Во последните пет натпревари славеа над Леванте , Сосиедат и Виљареал и имаат еден нерешен против Виљареал и пораз од Еспањол.Кај Реал пак уморот и многуте натпревари во овој и минатиот месец доведоа до мала криза па во последните пет натпревари имаат четири победи и едно реми кај Алмерија во Првенството.Реал моментално е второпласиран со 51 бод , 4 помалку од Барселона.

Можен Состав : Севиља вечерва најдвероватно ке игра со изменет состав.Иако Манцано не сака да комбинира , се претпоставува дека ке се игра со формација 4-2-3-1, а најреално и можно решение им е стандардната формација 4-4-2 со Палоп,Касерес,Наваро,Ескуде,Санчез,Зокора,Ромарик,Навас,Пероти,Кануте и Луси Фабијано.На клупата би останале Негредо,Акоста,Ренато,Капел,Дабо,Алфаро,Варас и Алексис.

Реал , односно Мурињо на терен би требало да истрча со стандардната 4-3-2-1 формација односно 4-3-3 во која ке игра со три дефанзивци во средината.Од првата минута би требало да истчат : Касиљас,Рамос,Арбело,Карваљо,Албиол,Алонсо,Ласана,Кедира,Озил,
Роналдо и Бензема додека
Марсело,Ди Мариа,Леон,Кака,Гранеро,Каналес,Гарај и Адан и Мехиас би останале на клупата.

Меѓусебни дуели : Реал Мадрид и Севиља во купот последен пат играа 2003-04.Таа сезона Реал во полуфиналето ја елиминираше Севиља со 2:1.Досега имаат одиграно 26 натпервари во Купот од кои 14 пати победил Реал , а Севиља 10 и два пати било нерешено.Гол Разликата е 44:34 на страна на Реал.

Линкови за вечерашниот дуел :

http://atdhe.net/33200/watch-fc-sevilla-vs-real-madrid

http://www.rojadirecta.org/goto/deportesparaver.blogspot.com/2010/11/canal1.html

http://www.rojadirecta.org/goto/www.futbolenhd.com/13271.html

http://www.rojadirecta.org/goto/www.futbolenhd.com/13261.html

http://www.rojadirecta.org/goto/www.cqcfutbol.net/ch2.html

http://www.rojadirecta.org/goto/www.portalsportshd.net/p/canal-3-hd-1050-kbps.html

No Response to "Куп на Шпанија : Севиља - Реал Мадрид"

Leave A Reply