петок, декември 17, 2010

Изјавија по ждребот.......

Posted on 12/17/2010 by Raisinloaf


По извлекувањето на двојките за осминафиналето од Лигата на Шампионите ,директорите на Реал и претседателот на Лион дадоа свои изјави.

Емилио Бутрагено , извршен директор на Реал:


Ова е незгодно , но возбудливо натпреварување.Ни се падна Лион и тоа мора да го прифатиме.Во денешно време , фудбалот е таков ,секој може да му парира на другите.Натпреварите се играат со малку голови и секој дел од играта е важен.Мораме да биде фокусирани на мечот , знаејки дека вториот натпревар се игра во Мадрид.Во позиција сме да се пласираме понатаму во да почекаме до фебруар и да видиме во каква форма ке бидеме.Време е работите да се променат за нас во оваа натпреварување.


Мигел Пардеза , спортски директор на Реал:


Сеуште ми е во мислите ланскиот дуел.Но се надевам дека оваа сезона ние ке одиме понатаму.Екипата е спремна и сега повеке го познаваме Лион и нивната игра.Тоа ке биде добар натпревар за гледање.

Не сум сигурен дека играњето со ист тим две години по ред е добра работа.Тоа беше една од можностите и она што се деси минатата сезона , сега може да ни биде само од корист.Игравме добро прво полувреме а потоа едноставно темпото на игра падна.Да се победи во вакви натпревари мора да се игра добро најмалку три четвртини од натпреварот.Ке бидеме фокусирани и имаме доста искуство.


Жан Мишел Олас , претседател на Лион:


Тешко е да се одреди фаворитот во вакви натпревари.Реал е многу подобар тим од лани и тоа ке го направи овој двобој уште позанимлив.Ке биде тешко за нив.Бензема сите го сакаат и се надевам дека ова му е важна утакмица.На добар пат е и против нас да заигра.

No Response to "Изјавија по ждребот......."

Leave A Reply