среда, август 11, 2010

Oфицијално : Рикардо Карваљо го засили Реал

Posted on 8/11/2010 by Raisinloaf



Реал Мадрид официјално потврдија дека Рикардо Карваљо е нов играч на белите од Мадрид.Осум милиони евра изнесува трансферот на Карваљо од Челзи во Реал а тој ке потпише две годишен договор со можност да се продолжи на уште една.Интересно е што Карваљо веке соработуваше со Мурињо во Порто каде го освоија Купот на Уефа а следната година и Лигата на Шампионите по што Мурињо замина во Челзи а со него и Карваљо.Мурињо имаше желба да го доведе и на Сан Сиро во тимот на Интер но неуспеа да се договори со Челзи.Сега Реал со Карваљо добива искусен стопер кој ке ги научи младите Албиол и Гарај како се царува во одбраната а воедно да им даде до знаење дека иако е стар (32 години) сепак е рамо до рамо со великаните како што е Фабио Канаваро.

No Response to "Oфицијално : Рикардо Карваљо го засили Реал"

Leave A Reply