среда, август 11, 2010

Последно засилување : Нов Напаѓач

Posted on 8/11/2010 by Raisinloaf



Реал Мадрид до крајот на преодниот рок се подготвува да доведи уште еден играч на позицијата напаѓач како алтернатива за Игуаин и Бензема, а во тек е и продажба на некои играчи.
Реал Мадрид на трансфер листата ги стави Махмаду Диара и Ројстон Дренте а можно е уште некој да го напушти кралскиот клуб а најмногу шанси има да замине еден играч од средината , Севиља е заинтересирана за Гранеро.
Реал вчера го ангажира Рикардо Карваљо на позицијата стопер а тоа е петтото засилување оваа сезона по Каналес,Ди Мариа,Леон и Кедира.
За позицијата напаѓач се споменува Ромелу Лукаку но тој сака уште една сезона да остане во Андерлехт.Како потенцијални кандидати се уште Хуго Алмеида од Вердер,Алваро Негредо од Севиља и Љоренте од Билбао.Проблемот кај Љоренте е тоа што тој нема намера да биде замена како ни Карим Бензема а освен тоа тој е проценет на 25 милиони евра.Алваро Негредо нема намера да се враќа во Реал ако се верува на неговите зборови кога премина во Севиља а неговата вредност моментално е 16 милиони но Реал би го чинел некој милион повеке односно во договорот помеѓу Реал и Севиља сто дека ако Реал го сака Негредо назад ке мора да плати 19 милиони евра.Хуго Алмеида засега е најреално засилување но и напаѓачот на Вердер исто така нема намера да седи на клупата но добрите односи со Мурињо можат да го променат неговото мислење.Тој има 26 години , висок , цврст , постигнува многу погодоци а неговата цена е само 7 милиони евра.Повторно останува прашањето дали сега е моментот да се форсира некој од Кантерата?Сепак Реал ги има најмалку во сењиорскиот состав а во помладокот ги има и тоа како желни за докажување.

No Response to "Последно засилување : Нов Напаѓач"

Leave A Reply