вторник, јули 27, 2010

Mилан го сака Мамаду Диара

Posted on 7/27/2010 by Raisinloaf



Италијанскиот гигант Милан е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Мали , Мамаду Диара.29 годишниот играч од средината би требало да биде замената за Џенаро Гатусо а Милан има намера да понуди 7-8 милиони евра на Реал.Олеслителна околност за Милан е фактот што се во добри односи со Реал по трансферите на Кака во Реал односно Хунтелар во Милан.Диара потпиша со Реал во 2006 и отогаш одигра 87 натпревари а постигна и два погодока.Местото во стартниот состав му беше загрозено со доведувањето на Фернандо Гаго а по повредата во 2009 и доведувањето на Ласана Диара целосно му беше одземено.Диара изјави дека сака да остане во Мадрид но со услов повеке да игра но со оглед дека Мурињо изјави дека во преден план ке се Гаго и Лас најдобро за него ке биде да ја смени средината.Диара во Реал дојде од Францускиот Лион каде беше неприкосновен на својата позиција.До крајот на неделата би требало да се знае дали ке дојде до комплетирање на оваа трансфер зделка.

No Response to "Mилан го сака Мамаду Диара"

Leave A Reply