сабота, јули 17, 2010

Мурињо го потврди интересот за Кедира

Posted on 7/17/2010 by HristijanKrstev




Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, потврди дека клубот е во преговори за трансфер на играчот на Штутгарт, Сами Кедира.

23 годишниот играч од средниот ред беше една од ѕвездите на Германија на Светското првенство, а сега тој е идентификуван како клучен играч за Мурињо, кој изјави дека посакува да се донесат уште еден играч од средниот ред, и еден одбранбен.

Мурињо за АЅ изјави:

- Нема да бидеме главни на трансфер-пазарот. Ќе стојам до филозофијата на Мадрид, а тоа е да се купуваат играчи со потенцијал, и со многу простор за докажување. Точно е дека Ангел Ди Мариа го купивме за висока цена, но тој е играч со многу голем потенцијал, а сега се насочивме кон Сами Кедира, играч кој има огромен простор за подобрување. Тоа е трансфер-пазарот кој јас го посакувам.

- Ни треба уште еден дефанзивец и уште еден играч од средниот ред. Тука минатата сезона беа донесени одлични играчи и тоа е многу добро поради конкуренцијата. Комплицирано ќе биде да се донесат играчите кој јас ги посакувам, затоа што секогаш кога е Реал Мадрид во прашање, цените на играчите се астрономски. - изјави Мурињо.

No Response to "Мурињо го потврди интересот за Кедира"

Leave A Reply