сабота, јули 17, 2010

Гути: Реал го има последниот збор

Posted on 7/17/2010 by HristijanKrstev



Една од најголемите легенди на Реал Мадрид призна дека понудата од Бешикташ е доста интересна, но иста така нагласи дека последниот збор го има кралскиот тим.

33 годишниот играч е на излезната врата од Реал Мадрид, а во пол-позиција за неговиот потпис е тимот на Бешикташ. Турските медиуми објавија вести дека Гути веќе има договор со Бешикташ, но самиот играч го негираше тоа.

За шпанскиот весник Марка, тој изјави:

- Јас сеуште сум играч на Реал Мадрид. Точно е дека добив интересна понуда од Бешикташ, и морам да признаам дека ми се допаѓа таа понуда особено што таму тренер е Шустер, а и затоа што нема пристигнато друга.

- На 25 се враќам во Мадрид и тогаш ќе зборувам со Валдано и со Перез, и тогаш ќе ја донесам одлуката за мојата иднина. Не сум зборувал ниту со Мурињо затоа што сеуште не сум бил на Валдебебас, кога ќе пристигнам таму ќе зборуваме.

- Понудата од Бешикташ не само што е интересна туку е и прифатлива, но секогаш последниот збор ќе го има Реал Мадрид, затоа што јас имам уште една година договор со нив.

- И мене и на Раул ни е потребно многу време да одлучиме за нашата иднина, затоа и подоцна ќе му се приклучиме на тимот. Од 25 јули се ќе биде познато.

- Не знам дали ќе останам во Реал, треба да разговарам со Валдано и Мурињо, што тие очекуваат од мене, и кој се нивните планови, па потоа ќе се договориме. - изјави Гути.

No Response to "Гути: Реал го има последниот збор"

Leave A Reply