петок, август 13, 2010

Блиц Вести

Posted on 8/13/2010 by Raisinloaf



Марсеј припрема 40 милиони за Бензема?

Иако многупати досега , Мурињо се изјасни дека Карим Бензема не е на продажба и дека е во неговите планови за оваа сезона , медиумите продолжуваат да го преселат од Мадрид.Тв Станицата , La Sexta наведува дека францускиот гигант Олимпик Марсеј е спремен за Бензема да понуди неверојатни 40 милиони евра.22 годишниот Бензема во Реал пристигна минатото лето од Лион за 36 милиони евра но во првата сезона не успеа да ги оправда очекувањата.

Озил за 16 милиони во Реал?

Шпанскиот спортски весник АС тврди дека шестото засилување за Реал Мадрид оваа лето ке биде играчот на Вердер , Месут Озил.Овој весник тврди дека Озил со Реал треба да потпише пет годишен договор а Вердер ке добие отштета од 16 милиони евра.Жозе Мурињо во вторникот се состанал со Валдано и наводно побарал да му се доведе Озил уште ова лето и дека веке му била исполнета желбата бидејки Реал имал предоговор со Вердер за Озил.

Рамос преминува во Депортиво?

Според последните пишувања на шпанските медиуми , голманот на Кастиља
Фелипе Рамос ке премине во Депортиво.АС наведува дека клубовите веке имаат постигнато договор и 22 годишниот Рамос наскоро ке потпише договор со клубот од Риазор.Рамос со Депортиво би требало да потпише петгодишен договот а се верува дека веднаш би бил прв голман.

No Response to "Блиц Вести"

Leave A Reply