вторник, јули 06, 2010
Пропадна трансферот на Маикон, Мурињо го посакува Видич
Posted on 7/06/2010 by HristijanKrstev
Според Sky Sports Italiа Жозе Мурињо се откажал од Маикон, и сега своите погледи ги насочува кон Немања Видич.
Иднината во Манчестер на 28 годишниот српски дефанзивец не му е загарантирана, и според некои извори, тој би можел да го напушти Манчестер за 20 милиони фунти, а за него се заинтересирани уште и Манчестер Сити и Милан.
Како што пишуваат медиумите, Мурињо веќе се откажал од Маикон затоа што е прескап, и на позицијата десен бек ќе го остави Серхио Рамос, и ќе се обиде да донесе елитен централен дефанзивец, а тоа би требало да биде Видич.
Sky Sports тврди дека Манчестер засега не е заинтересиран за продажба на Видич под 30 милиони евра, затоа што формата на Рио Фердинанд е далеку од задоволувачка. Со евентуалното доаѓање на Видич во Реал, тој би заработувал по 3 милиони евра по сезона, а Реал за него нуди 24 милиони евра.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
No Response to "Пропадна трансферот на Маикон, Мурињо го посакува Видич"
Leave A Reply