недела, декември 19, 2010

Прикажан можниот изглед на Бернабеу?

Posted on 12/19/2010 by Raisinloaf


Сантијаго Бернабеу наскоро ке биде редизајниран.Денеска објавија шпанските медиуми кои тврдат дека проектот ке отпочне со реализација на лето.Пред неколку месеци имаше проект со кој ке биде изграден подвижен кров , но според медиумите , кровот е најмалку од она што всушност ке се гради.Флорентино почна да го приготвува проектот кој Бернабеу ке го претвори во модерен колосеум.

Какви се плановите?

Најпрово планот предвидуваше изградба на подвижен кров.Со тоа ке се инсталираше и најмодерна климатизација додека на теренот ке имаше инсталација со која кога ке врне теренот веднаш би се исушил.

Но Перез не планира да се задоволи со толку.Перез е сопственик на најголемата градежна фирма во Шпанија и планира да ја искористи за да Реал поефтино ги набави сите материјали и со тоа Реал да добие повеке.Според неговите планови тој сака да гради и Хотел кој би се простирал во склоп на стадионот т.е би го зазел паркингот пред стадионот , а паркингот да се премести под хотелот.Во склоп на хотелот ке има затворени базени,сауни,велнес центри.Се што би се вложило во овој проект ке се врати во рок од две години , што потврдува дека е исплатлива инвестиција.


Како би изгледало сето тоа?

Како што гледате на сликите , стадионот би требало да има подвижен кров,кој е доста скап бидејки ке се користи титаниум.На другата страна би се наоѓале ресторани , а како што гледате на сликата од оваа страна би бил луксузниот хотел.Сепак најголем проблем би биле дозволите.Хотелот би го затворил предниот парк и затоа дозвола мора прво да добијат од Градскиот Совет,па потоа Градската Заедница за на крај од Советот за Урбанистички развој.Сепак за ова мора да се добие зелено светло и од одборот кои сметаат дека клубот го губи спортскиот дух и прераснува во бизнис фирма која заработува милиони.


Кои Архитекти ке го водат проектот?

Иако нема потврда, овој проект ке го водат најдобрите архитекти во Шпанија.Рафаел Монео и Сантијаго Калаватра а на помош би им бил и најдобриот архитект во светот , Американецот Минг Пеи кој има Кинески корени.Најпознат е по редизајнот на музејот Лувр и пирамидата пред истиот.

Кога би започнала изградбата?

Според првиот проект , Стадионот би бил готов до летото  2012 година , но со Хотелот тоа сигурно би траело до крајот на 2012 година.

No Response to "Прикажан можниот изглед на Бернабеу?"

Leave A Reply